Ози Озбор ја откажа турнејата низ Европа. По тешката операција на р’бетот рече дека не е физички
способен да настапи на концертите кои му беа закажани во мај и јуни. Се повреди во 2019 година кога
падна кај него дома. Беше повреден и од сообраќајка во 2003 година, а сега само ги влоши работите.
По несреќата настапи на церемонијата на затворањето на Игрите на Комонвелтот во Бирмингем во 2022
година и НФЛ натпревар во САД во септември.
„Ова е една од најтешките работи кои ги споделувам со фановите. Пред четири години доживеав голема
несреќа во која го повредив р’бетот. Единствена цел периодов ми е да се вратам на сцена“, рече Озборн.