Од денеска стратува 15-от ултрамаратон во чест на Тоше Проески на кој ќе учествуваат 12 учесници. Тие денеска попладне во 16:30 часот од Нова Градишка ќе го започнат ултрамаратон пред неговото спомен обележје во Нова Градишка, а в недела, на годишнината од неговото загинување, ќе пристигнат во Крушево.

Предвидено е околу 16 часот да имаат прием во македонската амбасада во Загреб на средба со амбасадорот Милиам Фетаи и со директорката на Културно-информативниот центар Наталија Попоска.

Утре маратонците заминуваат за Нова Градишка, Хрватска каде ќе бидат пречекани од градоначалникот на Нова Градишка и од крушевскиот градоначалник и претседателот на крушевскиот совет.

Ќе трчаат низ целата територија на Хрватска и на Србија. На 15 октомври, в сабота, се очекува да пристигнат на граничниот премин Табановце и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија се очекува да пристигнат околу 18 часот. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево каде се очекува да пристигнат околу пладне на 16 октомври, в недела, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *