Повеќе од јасно е дека најголемите плати во светот на фудбалот во последните година – две се земаат во С. Арабија, а и Лео Меси во Интер Мајами во МЛС не може да се пожали.

Сепак оние 200 милиони евра за една година во Ал Наср на Кристијано Роналдо се приказна за себе.

Од друга страна и елитните играчи во Европа заработуваат тешки милиони а секако дека Килијан Мбапе со своите 72 милиони евра во ПСЖ е нешто посебно.

Треба да се каже дека таа плата е бруто, а познато е дека во Франција 40 насто на име на данок ти зема државата. Сепак разните бонуси го прават Мбапе навистина нешто посебно.

А посебно ако се знае дека вториот најплатен играч во Европа, а тоа е Хари Кејн, зема трипати помала плата од напаѓачот на ПСЖ и идната ѕвезда на Реал Мадрид.

Инаку ова се седморицата играчи кои се со највисоки примања во Европа по основ само на договорите на годишно ниво, и да, ова се бруто платите.

ТАБЕЛА

1.Килијан Мбапе (ПСЖ) 72.000.000 евра годишно

2.Хари Кејн (Баерн Минхен) 25.200.000

3.Кевин Де Брујне (Манчестер Сити) 24.240.000

4.Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) 22.800.000

5.Давид Алаба (Реал Мадрид) 22.560.000

6.Роберт Левандовски (Барселона) 22.440.000

7.Каземиро (Манчестер Јунајтед) 21.400.000

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *