Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со локален дожд, претежно во западните и јужните делови, каде е можна и појава на грмежи.Утринските температури ќе бидат од 10 до 17 степени, а дневните ќе се движат во интервал од 16 до 27 степени.
Утре и во четврток ќе има повеќе сончеви периоди и услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Потоа се очекува стабилно и потопло време.