Мадона уште еднаш го потврди својот статус на „кралица на поп-музиката“, откако нејзиниот нов албум „Confessions II“ се искачи на првото место на листата Billboard 200.

Со овој успех, таа стана првата музичка изведувачка која во текот на 2020-тите има албум на врвот на оваа престижна листа, откако претходно тоа го постигна и во 1980-тите, 2000-тите и 2010-тите. Воедно, ова е нејзин десетти албум што стигнал до првото место на Billboard 200.

Иако не го коментираше рекордот, Мадона на својот профил на Инстаграм сподели објави со кои го одбележа успехот на новото издание.

Албумот „Confessions II“, објавен на 3 јули, е продолжение на нејзиниот успешен албум „Confessions on a Dance Floor“ од 2005 година, со кој повторно се врати на денс-звукот. објави Скопје1.мк

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *