Тамара Тодевска, го промовираше својот најнов музички проект, насловен како „Нијагара“. Новата песна на Тодевска е на српски јазик. Музиката и текстот се заедничко дело на пејачката и композиторот Лазар Цветковски. „’Нијагара’ е за сите кои во одреден момент се почувствувале ранливо, да знаат дека на крајот има решение. А, тоа е да продолжиме со борбата“, вели пејачката. Песната за помалку од 24 часа има над 20.000 прегледи на Јутјуб каналот.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *