Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 1 до 8 степени, а дневната од 9 до 19 степени.

И утре ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено попладне кога на места ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *