Шакира, колумбиската латино-пејачка, добитничката на Греми, утре е на суд во Барселона под обвинение дека ги измамила шпанските даночни власти за 14,5 милиони евра (12,7 милиони фунти). 46-годишната музичарка, која живее во Мајами со своите две деца, може да се соочи со осум години затвор и парична казна од 24 милиони евра доколку биде прогласена за виновна, пишува британски „Гардијан“.
Случајот се заснова на тврдењето дека од 2012 до 2014 година Шакира поминала повеќе од шест месеци како жител на Шпанија, со што имала обврска да плати данок, но таа негир