Нашите најдобри каратисти Емил Павлов и Бојана Манева, и двајцата успешни каратисти од карате клуб Штип освоија први места на Државното првенство кое се одржа во Скопје, односно Плеј-оф турнирот за сениори државни прваци каде што ги потврдија првите места и со тоа обездија места во репрезентацијата на Европското карате првенство во Гвадалахара, Шпанија. Павлов уште еднаш го загарантира високото прво место во категорија -67 килограми исто така и Бојана Манева која беше прогласена за најдобар спортист на град Штип за 2022 години го осови првото место во категорија +68. Европското првенство во Шпанија ќе се одржи од 22 до 26 март.