Емил Павлов, нашиот најдобар македонски каратист и репрезентативец, денеска  напладне ќе настапи на престижната Премиер-лига во карате, која се одржува во  Каиро Египет. Во Премиер-лигата настапуваат најдобрите каратисти од целиот свет, а викендов на татамите ќе се борат 425 натпреварувачи од 61 држава во дисциплините борби и кати. Емил Павлов е единствениот македонски претставник на овој турнир и ќе настапи во категоријата до 67 кг, која брои вкупно 31 каратист. Борбите за медали се закажани за в недела. Му посакуваме многу Среќа на Емил.

Павлов  ќе старува против Турал Агаларзаде од Азербејџан.

Распоред на борби:

Емил Павлов – Турал Агаларзаде (Азербејџан)

Емил Павлов – Фуад Бенбара (Алжир)

Емил Павлов – Лука Мареска (Италија)

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *