Најголемиот светски фестивал на пивото, Октоберфест во Минхен, се отвори во саботата за првпат од 2019, со што беше прекината двегодишната пауза наметната од пандемијата на коронавирусот. Познатиот фестивал ќе трае до 3 октомври а за само четири дена еден милион посетители речиси од целиот свет пиеле пиво. Инаку Првиот Октоберфест се одржал во 1810 година во чест на венчавката на баварскиот принц Лудвиг и принцезата Тереза. Во годините пред пандемијата, годишно го посетувале околу шест милиони луѓе.