Кети Пери ги продаде своите песни за 225 милиони долари. Таа ги продаде правата на сите пет нејзини албуми што ги објави за „Капитол рекордс“, „One of the Boys“ од 2008 година и „Smile“ од 2020 година. Ова е најголемата продажба на музички права од уметник оваа година. Претходниот носител на оваа титула беше Џастин Бибер, откако во јануари ги продаде правата на своите песни за 200 милиони долари. Кети Пери, големата ѕвезда од 2010-тите, последниве години работи помалку, посветувајќи се повеќе на семејството и на врската со нејзиниот партнер, актерот Орландо Блум. Следната година таа ќе се врати како судија на седмата сезона на „Американски идол“.