Истанбул лани бил најпосетуван во светот. Во 2023, Истанбул примил дури 20,2 милиони посетители. Зад него, на листата на најпосетени дестинации се наоѓаат Лондон, Дубаи и Анталија.
Ова го покажуваат податоците на компанијата за истражување на пазарот „Еуромонитор интернационал“.
Ли Добсон, основачот на веб-страницата за туризам „Травел сити“, рече дека Истанбул е „магнет“ за патниците и за туристите од целиот свет поради неговите богата култура, историја и географија, што го прават уникатен и фасцинантен.
„Сместен на два континента, Европа и Азија, Истанбул нуди неспоредлив спој на источните и западните традиции, видливи во неговите традиции, архитектура и секојдневен живот“, вели Добсон.
Турција лани беше една од најпосетените држави во светот. Најмногу туристи имаат европските земји. Франција често е на врвот како најпосетена држава.