Најинтересно е неговото размислување во врска со Новак Ѓоковиќ. Иако кај љубителите постои мислење дека Надал воопшто не го сака и почитува српскиот ас, во суштина тоа не е точно бидејќи за него има голем респект.
„Имиџот кој го проектира е полош од она што тој навистина е. Новак е добар човек, со одредени грешки, како и сите ние. Но, повторувам, многу е подобар од она што можете да го видите од него на теренот. Да, умее да скрши рекет, но потоа во следниот поен ќе одигра перфектен удар. Затоа и постигна толку во нашиот спорт. Бројките не лажат, тој е најдобар во историјата“, вели Надал.
Тој нема да игра во Доха, но се подготвува за Мастерсот во Индијан Велс што веројатно ќе му биде последен настап на овој турнир во кариерата.