Музичкиот регион се простува од една од најголемите пејачки легенди на поранешна Југославија. Мишo Ковач почина на 31 октомври 2026 година, на 85-годишна возраст, во својот дом во близина на Сплит.
Ковач зад себе остави кариера долга повеќе од пет децении и милиони продадени плочи. Важеше за еден од најуспешните пејачи на забавна музика на поранешните југословенски простори, а петпати беше прогласуван за пејач на годината. Во 1989 година ја доби и титулата личност на годината во поранешна Југославија.
Неговиот голем пробив се случи во 1969 година со песната „Više se nećeš vratiti“, со која победи на сараевскиот фестивал „Vaš šlager sezone“. Композицијата беше дело на Ѓорѓе Новковиќ, со кого оствари долгогодишна и исклучително успешна соработка.
Во 1971 година победи и на Сплитскиот фестивал со песната „Proplakat će zora“, а во 1980 година повторно триумфираше со „Dobra ti večer, mati moja“.
Меѓу неговите најголеми хитови се „Ostala si uvijek ista“, „Ako me ostaviš“, „Ti si pjesma moje duše“, „Dalmacija u mom oku“ и „Poljubi zemlju po kojoj hodaš“.
Мишo Ковач беше повеќе од пејач – беше музички симбол на неколку генерации. Неговите песни ги надминаа границите и останаа дел од заедничката музичка меморија на Балканот.
Новинар Никола.А
