Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, пред вечерашниот натпревар со Бугарија, повика на фер навивање и коректно однесување, потсетувајќи дека „црвено-жолтите“ имале таков третман на гостувањето во Разград.

Да ја оставиме политиката на политичарите, ние сме спортисти и само тоа треба да не интересира. Јас по мечот во Разград се заблагодарив на приемот, а сега ние треба да возвратиме на ист начин. изјави Милевски. Натпреварот Македонија-Бугарија вечерва од 20.45.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *