Милан и Реал Мадрид се првите два полуфиналисти во Лигата на шампионите.
Милан одигра о 1:1 против Наполи на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, додека Реал Мадрид на „Стемфорд Бриџ“ славеше со 2:0.
Наполи пред полни трибини не успеа да ја надомести негативата од 0-1 по првата средба, по еден неискористен пенал за двете екипи, Елиф Елмас играше во вториот дел.
Оливие Жиру не погоди од пенал, но успеа да се поправи за промашувањето и тоа во 43-та минута кога на асистенција на Рафаел Леао доенесе предност за Милан.
Наполи во судиското продолжение успеа да постигне гол преку Виктор Осимен.
Реал Мадрид славеше со 2:0 против Челси, Бразилецот Родриго ги постигна двата гола во второто полувреме. Во 58-та минута го отвори резултатот, а потоа во 80-та ја потврди победата.