Капитенот на фудбалската репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ, стартуваше од првата минута во сите натпревари на Светското првенство во Катар и со тоа собори рекорд стар 60 години.Модриќ со 37 години стана најстариот фудбалер, не сметајќи ги голманите, што настапил од првата минута на шест натпревари на едно Светско првенство.

Досега тој рекорд го држеше бразилскиот репрезентативец Нилтон Сантос, кој последен пат играше на Светското првенство во 1962 година.37-годишниот Модриќ против Аргентина го игра 161-от натпревар за хрватската репрезентација.

Во книгата на рекорди се запиша Меси,кој со денешниот настап против Хрватска, го израмни рекордот по бројот на одиграни натпревари на Светските првенства.Меси вчера го одигра 25-тиот натпревар на Мундијалите и се израмни со Германецот Лотар Матеус кој идигра 25 средби на пет Светски првенства, од 1982 до 1998 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *