Почина Кире Костов… Музичар, композитор, аранжер, диригент… Еден од најголемите што последниве децении Македонија ги имала. Зад себе остави бројни дела во областа на џез и танцовата музика, забавната, поп музиката. Некои од најбрилијантните македонски композиции кои ќе останат вечни евергрини се изродија од неговата непресушна креативност.

Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот од кои би ги издвоиле: „Акварел“, “Бела ноќ“, “Македоска суита 1 и 2“, “Нени“, “Травелинг“, “Догледање“, “Алегорија“, “Лепе ти је Беле Вирје“, “Си заљубив едно моме“ и др. Од областа на популарната музика има околу тристотини наслови како што се “Летај галебе“, “Кога те нема“, “Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“, “Само сеќавање“, “Не биди слеп“, “Манастирски сон“, “Моја Битола“, “Охридски спомени“, “Бела птица“, “Кој да ти каже“, “Тонови тајни“, “Ти пеам песна“, “Рум, дум, дум“, “Љубовна религија“, “Што те нема“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори. Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади Си-До, кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година. Добитник е на бројни награди и признанија.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *