Мадона се појави на доделувањето на Греми награди во неделата но реакциите веќе трети ден не престануваат од нејзините фанови. Кралицата на попот покажа сосема нов изглед кој не беше одобрен од нејзините фанови поради сите естетски интервенции направени на нејзиното лице. Дали тоа го направила за да си се допадне повеќе или во илузијата дека го запира времето, не се знае. Она што е сигурно е дека многумина, на Греми 2023, се запрашаа „Која е оваа жена“. Непрепознатлива е. Странските медиуми речиси загрижени за новиот изглед на Мадона, се обратија кај пластичните хирурзи. До сега е откриено дека Мадона вложила само во последните три месеци 900.000 евра за пластични интервенции, и тоа само за подмладување на лицето. За да се постигне овој, според многумина катастрофален ефект, биле потребни дури 12 фејслифтинзи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *