Денеска од 21.00 часот ќе се играат првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите: Интер – Порто и Лајпциг – Манчестер сити.
Натпреварот во Италија е дуел на два поранешни европски шампиони, тоа ќе биде прв меч на двата тима по 18 години, а улогата на фаворит му припаѓа на Интер, пред се затоа што сè игра на „Џузепе Меаца“ во Милано.
Во вториот вечерен натпревар Лајпциг ќе го пречека Манчестер сити. Тоа ќе биде дуел на две екипи во идентична форма, а пред средбата во Германија имаат по три победи, реми и пораз на последните пет средби.

Во вчерашните натпревари Реал Мадрид уште еднаш покажа дека Лигата на шампиони е нивни „двор“, откако во апсолутно неверојатен меч на гости на „Енфилд“ против мотивираниот Ливерпул, иако губеа со 2:0 по само 14 минути игра, на крајот стигнаа до магична 5:2 победа или накратко кажано неверојатен дебакл на Ливерпул дефинитивно. Наполи, пак, својата победничка серија ја продолжи и во ЛШ, откако и тие стигнаа до гостинска победа од 2:0 над актуелниот шампион од Лига Европа, Франкфурт.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *