Триесет и пет години откако дебититаше на музичката сцена, рок-ѕвездата Лени Кравиц го објави својот 12. студиски албум, прв по шест години пауза. Насловен „Blue Electric Light“, албумот излезе два дена пред 60. роденден на Кравиц.
Новиот албум ќе биде проследен со европска турнеја, во рамките на која Кравиц ќе настапи во Охрид на 4 август, што ќе биде негово трето гостување во Македонија.
Кравиц има продадено 40 милиони албуми во кариерата и има освоено четири награди Греми.