Познатиот виолинист Никола Јанков – Коки во чест на својот пријател и колега Душан Љубисављевиќ познат и како Дуле на 15 сепетември ќе одржи концерт во Домот на млади во Штип. Концертот ќе започне во 20 и 30 часот, а билетите ќе можат да се набават во tickets.domnamladi.mk.

Коки со Дуле беа едни од најпопуларните музичари на почетокот на 2000 години. Двајцата оставија белег на музичката сцена со хитовите „Виолина и гитара“, „Марама“, „Колку треба да се плати“ и други. Дуле почина во 2013 година на 38 години, а потоа Коки почна да свири со „Тајфата“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *