Оскаровката Кејт Винслет се повреди за време на снимање на филм во Дубровник. Таа моментално престојува во Дубровник, каде што се снима филм за животот на Ли Милер, воен фотограф за магазинот „Вог“ за време на Втората светска војна.

Според информациите, актерката ја повредила ногата на снимање, а поради повредата завршила во болницата во Дубровник.

Кејт е снимена како пристигнува во болница во придружба на неколку луѓе, а се уште не е познато за каква повреда станува збор.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *