Земјотрес со јачина од 4.6 степени утрово е регистриран кај Штип.
Според информациите, земјотресот се случи во 02 часот и 41 минута.
Епицентарот е на длабочина од 1 километар.
Штипјани, на социјалните мрежи, споделуваат дека земјотресот бил силен и успеал да ги разбуди повеќето а на многу и пристигнало и предупредување на мобилните телефони.
По првиот земјотрес почуствувани се и неколку други афтершокови но со послаб интензитет.