Онлајн туторското училиште „Туторспејс“ тестирало 44 европски земји, оценувајќи ја притоа интелигенцијата на нивните граѓани во 17 различни области.

Во ова истражување Велика Британија се најде на 10 место, а Нордиските земји ги заземаа половина од првите места.

Сепак како најпаметна земја беше прогласена Швајцарија.

Според извештајот, оваа земја има одличен напредок во областа на високото образование, па дури една третина од жителите имаат факултетска диплома.

Ваквиот резултат се должи на 14 годишното школување кое Швајцарците го добиваат бесплатно и на најсовремената истражувачка лабораторија за физика.

Исто така Швајцарија е дом на 30 Нобеловци.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *