Третата вечер на музичкиот фестивал Сан Ремо ја донесе втората група од 15 изведувачи кои ќе се борат за пласман  во финалето. Тие беа најавени од нивните колеги од втората вечер.

Како специјален гостин се појави Ерос Рамацоти. Пред 40 години, токму од оваа сцена Ерос се лансираше во врвот на светската музичка сцена. Тогаш 21годишното момче настапи како дебитант со песната „Ветена земја“ и победи на фестивалот, а две години подоцна повторно ја освои сцената со „А сега ти“. Неговата кариера успешно трае четири децении, а пред пет години имаше концерт и во Скопје.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *