Колумбиската пејачка Шакира наскоро ќе добие големо признание – Video Vanguard (видео авангарда) на церемонијата на Video Music Awards, организирана од „Ем-Ти-Ви“, следниот месец.

Меѓу претходните добитници на оваа награда се Бијонсе, Ники Минаж, Мадона, Џенет Џексон, Џенифер Лопез, Ријана и Миси Елиот. Шакира исто така ќе настапи на сцената на VMA за прв пат по 17 години. Тоа ќе се случи на 12 септември. Оваа награда се смета за награда за животно дело, а им се доделува само на оние уметници кои со помош на видеа влијаат на милиони луѓе низ светот во сферата на популарната музика.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *