Еден од најпопуларните кантавтори на сите времиња, Елтон Џон, викендов, ја заврши својата маратонска проштална турнеја во Стокхолм со најголемите хитови.76-годишниот музичар им порача на своите милиони обожаватели дека ќе останат во неговата „глава, срце и душа“.За време на концертот во Стокхолм беше прикажана видео порака на благодарност од групата Колдплеј, кои во исто време настапуваа во друг шведски град Гетеборг. Во спектакуларната кариера долга 50 години, тој изведе 4.600 шоуа низ светот и освои пет Греми награди.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *