Ед Ширан пак оди на суд за авторски права. Сослушувањето пред поротата започна во федералниот суд на Менхетен за судење поради тврдењата дека британската поп-ѕвезда Ед Ширан должи дел од профитот од неговиот хит „Thinking Out Loud“ за копирање на добро познатата песна „Let’s Get It On. Судењето е прво од трите со кои Ширан би можел да се соочи од тужбите поради сличностите меѓу двата хитови. Ед Ширан минатата година победи на судењето во Лондон во посебен случај за авторски права поради неговиот хит „Shape of You“.