Споделувајќи си цртеж од себе со ликот на играта Пикачу, британскиот пејач и текстописец Ед Ширан на социјалните мрежи напиша дека ја почнал својата фасцинација со Покемон на седумгодишна возраст собирајќи тематски картички.
Неговата нова песна е со наслов Celestial и ќе биде објавена на 29 септември, а спотот за неа е анимиран од креаторите на Pokemon, објави „Sky.news“.
„Мојата љубов кон Покемон почна со собирање картички во основно училиште, а спотот за новата песна е анимиран од креаторите на играта“, изјави Ед Ширан, кој е „опседнат“ со покемони.
Потоа станал обожавател на анимираното ТВ-шоу, а на својот осми роденден добил рачна конзола „Gameboy Color“.
„Опседнато е благо кажано“, вели британскиот пејач.