Најголемиот музички фестивал во нашиот регион, Егзит е изгласан за 5-ти најдобар фестивал во светот, објави еден од водечките светски музички медиуми „Диџеј Маг“ (DJ Mag). Повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет гласаа за своите омилени фестивали, а Егзит се најде пред гигантските настани како што се Гластонбери, Коачела, Брнинг Мен, Лолапалуза, Сигет, Авејкенингс и многу други.

Гласањето за најдобрите фестивали траеше од 5 до 26 октомври 2022 година. На прво место е белгискиот Тумороуленд, по него следуваат американските Ултра мјузик и ЕДК Лас Вегас, а потоа британскиот Кримфилдс норт. Големото значење на ова признание е во тоа што доаѓа баш од читателите на угледниот „ДЈ Маг“, чии листи Топ 100 фестивали, Топ 100 диџеи и Топ 100 клубови претставуваат индустриски стандард, особено во електронската музика.

Едно од главните обележја по кои Егзит е познат во светот е фамозната Денс арена, која важи за водечка сцена на електронската музика во светот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *