Викендов се одржа украинскиот избор на песна за Евровизија, а победници на националниот натпревар се раперката Алјона Олехивна Савраненко, позната како Алјона Алјона, и пејачката Јана Олександривна Шемаиева, позната како Џери Хејл. Тие ќе ги бранат боите на Украина со песната „Teresa & Maria“.

Песната има речиси милион прегледи и четири илјади коментари на Јутјуб, а многу фанови и следбеници на Евровизија се воодушевени од изведбата. Понатаму, обложувалниците и предвидуваат голем успех на песната, ако не и победа.

Украинските претставнички ќе настапат во првото полуфинале на Евровизија, кое ќе се одржи на 9 мај во Малме, Шведска.

Да потсетиме, минатата година победата отиде во рацете на шведската претставничка Лорин, која ги освои симпатиите на жири-комисијата и многубројната публика пред малите екрани со песната „Tattoo“. Ова е нејзина втора победа на ова музичко натпреварување – во 2012 година победи со песната „Euphoria“, која важи за една од најуспешните победнички песни во историјата на Евровизија.

Ова беше седма победа за Шведска на Евровизија и со тоа го достигна рекордот на Ирска, која исто така има седум победи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *