Фудбалската федерација на Македонија јавно им се заблагодари на фановите за поддршката на мечот против Италија. На трибините беа присутни 28.126 гледачи, со што овој натпревар е третиот најпосетен во историјата на македонската фудбалска репрезентација.

Најпосетен домашен меч во историјата на фудбалската репрезентација на Македонија е оној против Ирска во квалификациите за Европското првенство 2012, кој го проследија 29.500 гледа. На второто место е дуелот Шпанија во квалификациите за Европското првенство 2016, кога на трибините се најдоа 28.843 навивачи.

Најпосетени 10 домашни натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија:

1. Македонија – Ирска (0-2), 04.06.2011, квалификации за ЕП 2012 – 29.500
2. Македонија – Шпанија (0-1), 08.09.2015, квалификации за ЕП 2016 – 28.843
3. Македонија – Италија (1-1), 09.09.2023, квалификации за ЕП 2024 – 28.126
4. Македонија – Србија (1-0), 16.10.2012, квалификации за СП 2014 – 26.181
5. Македонија – Хрватска (1-2), 12.10.2012, квалификации за СП 2014 – 25.230
6. Македонија – Шпанија (2-3), 12.08.2009, пријателски натпревар – 25.000
7. Македонија – Данска (1-1), 07.09.1994, квалификации за ЕП 1996 – 22.000
7. Македонија – Полска (0-1), 07.06.2019, квалификации за ЕП 2020 – 22.000
9. Македонија – Шпанија (0-2), 12.10.1994, квалификации за ЕП 1996 – 21.000
10. Македонија – Шпанија (1-2), 11.06.2017, квалификации за СП 2018 – 20.675

Најпосетувани гостински натпревари се оние против Англија, на “Олд Трафорд“ во Манчестер, со оглед на тоа дека тој стадион е најголемиот на кој гостувала Македонија.

Најпосетени 5 гостински натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија:

1. Англија – Македонија (0-0), 07.10.2006, квалификации за ЕП 2008 (Манчестер) – 72.062
2. Англија – Македонија (7-0), 19.06.2023, квалификации за ЕП 2024 (Манчестер) – 80.708
3. Грузија – Македонија (2-0), 23.09.2022, Лига на нации (Тбилиси) – 54.200
4. Полска – Македонија (2-0), 13.10.2019, квалификации за ЕП 2020 (Варшава) – 52.894
5. Шкотска – Македонија (2-0), 05.09.2009, квалификации за СП 2010 (Глазгов) – 50.214

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *