Британската поп-ѕвезда Дуа Липа и музичката куќа „Ворнер рекордс“ го убедија федералниот суд во Лос Анџелес во понеделникот да ја отфрли тужбата на реге-бендот „Артикал саунд систем“ за наводен плагијат. Од бендот тврдеа дека хитот на Липа, Levitating, ( ЛЕВИТЕЈТИНГ) е плагијат на нивната песна на Live Your Life.
Levitating помина 77 недели на „Билборд хот 100“ искачувајќи се на место бр. 2 во 2021 година. Во жалбата, поднесена во 2022 година, реге-бендот наведе: Многу малку е веројатно дека Levitating е направена независно со оглед на степенот на сличност меѓу мелодиите на двете песни, хармониите и другите елементи“.