Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 24. Грен слем титула во кариерата победувајќи го Данил Медведев во финалето на УС Опен (3:0).
Не знам од каде да почнам, многу ми значи. Морам да кажам, живеам детски сон. Се натпреварувам во спортот кој на моето семејство му даде сè. Дојдовме од тешка ситуација во 90-тите, војни. Моите родители многу ме поддржуваа, ми дадоа поддшка. Ова е скап спорт, не е достапен за секого. Никој во моето семејство не играше тенис, па малку чуден избор. Имав голема поддршка. Ова е ваш трофеј колку што е и мој. Ве сакам.