ПСЖ и Борусија Дортмунд вечерва со почеток од 21:00 часот ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Реваншот ќе се игра во Париз, каде домаќинот ќе се обиде да го смени исходот од првиот натпревар.
Да потсетиме, во првиот полуфинален натпревар Дортмунд победи со 1:0 со голот на Никлас Фулкруг во 36. минута.
„Целта е финале, а за да стигнеме до него ќе мораме да бидеме подобри од големиот Дортмунд. Секогаш има простор за напредок и треба да работиме на тоа. За три секунди може да се постигнат два гола, но исто толку можеме и да примиме, одиме на победа“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.