Денеска е Св. Трифун за православните и Св. Валентин за католиците. И двата празника се слават кај нас, додека православните верници го прославуваат заштитникот на лозјата и овошките, Св. Трифун, католиците го слават Св. Валентин, заштитникот на вљубените. Се сметало и дека времето на свети Трифун ќе каже каква ќе биде пролетта. На овој ден, не можете да бидете навредени од некој близок или да го навредите. Затоа се забранети секакви кавги и несогласувања.Не се препорачува на овој ден да бидете тажни, да плачете. На Св. Трифун, согласно обичаите и традицијата, се попрскуваат лозјата со светена вода и се поткаструваат сѐ уште незапупените гранчиња. Се верува дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме. Празникот традиционално го одбележуваат лозарите, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино.

Истовремено, католиците го прославуваат Св. Валентин, денот на вљубените.

Корените на денот на Свети Валентин датираат од античко време. Римјаните на 14 февруари славеле во чест на божицата Јуно, заштитничка на бракот и семејството. Денот на Свети Валентин потсетува и на бискупот од градот Терни, северно од Рим, кој бил погубен по наредба на римскиот цар Клаудиј втори затоа што не сакал да се откаже од својата вера. Освен тоа, според верувањето, тој тајно ги венчавал вљубените парови и ѝ пишувал писма и песни на својата сакана. Како празник на младоста и љубовта, Свети Валентин во Франција и Англија почнал да се слави во 14 век, по што се проширил во другите европски земји и во северна Америка. Обичај е на овој ден да се подари нешто на саканиот/та.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *