Продолжуваат возбодувањата во Лига шампиони. Вечерва од 21 часот ќе се одиграат реванш четвртфиналните натпреаври. Челси го очекува тешка задача за изборување на место меѓу најдобрите четири тимови во Лигата на Шампионите со оглед на тоа што „сините“ од Лондон имаат негатива од два гола против Реал Мадрид пред реванш средбата на „Стемфорд Бриџ“.Реал Мадрид ја доби првата пресметка со Челси, кралскиот клуб е голем фаворит за пласман во полуфиналето, но Анчелоти предупредува дека ништо не е готово. Наполи пак го загуби првиот четвртфинален меч против Милан со резултат од 1:0 на Сан Сиро но ќе има можност на свој терен да ги промени работите и да дојде до полуфиналето во Лигата на шампионите. Натпреаврите се вечерва од 21.00 часот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *