Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално замина во играчка пензија! Популарниот „Гранде Пандев“ ова го соопшти во интервјуто за „Газета дело Спорт“, во кое потврди дека повеќе не размислува за играње фудбал, но најави дека ќе остане во најважната споредна работа на светот.Поранешниот капитен на македонската репрезентација во својата богата кариера остави голем траг во бројни европски клубови, пред сè италијански, а во иднина се гледа како директор или спортски агент.

На 39-годишниот Пандев последен клуб во кариерата му е италијанска Парма, каде што настапи во пролетниот дел од минатата сезона.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.