Уште еден голем успех на штипјанецот Дамјан Давков. Злато на Европската јуниорска олимпијада по информатика која се одржува по 7 пат во Грузија.Ова е првото злато за Македонија и најголем досегашен успех за нашите млади информатичари на престижниот интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години. Покрај златото на Давков, забележително претставување имаа и останатите тројца членови на македонскиот тим: Владимир Грчев, сега осмоодделенец од Кочани, кој освои олимписка пофалница, како и Никола Стојковски и Андрија Младеновиќ од Скопје кои ги делеа само 5 поени од освојување на олимписка пофалница. На олимпијадата учествуваат 95 ученика од 24 европски земји.