Словенечката романтична комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот, Тин Водопивец од Словенија и со актерите Јелена Јованова и Сашко Коцев во главните улоги, ја имаше својата македонска премиера вчера во киното Синеплекс во Скопје. Филмот премиерно беше прикажан во Словенија, поточно во Љубљана во февруари кога предизвика голем интерес. “Нешто слатко“ е збунувачка романтична комедија. Филм полн со преплети и забавна содржина.