Исклучително интересна приказна раскажана со голема умешност, а низ малку кадри. Вака може да се опише најновиот македонски филм „Кино љубов“ кој по проекциите во повеќе држави и учеството на бројни фестивали во петок ќе ја доживее својата македонска премиера во Штип. Ова уметничко остварување, е продуцирано од Јани Бојаџи и Дејан Милошевски, а сценарист и режисер е Јани Бојаџи. Филмот е првата македонска „Инди“ – независна продукција и снимен е без финансиска подршка од агенцијата за филм и министерството за култура на Македонија. Филмот е во продукција на „синемон медиа фактори и револутион„