На свечена манифестација во Атина, е запален олимпискиот оган, односно „Огнот на надежта“ за 16-тa Специјалната Олимпијада што од 17 до 25 јуни ќе се одржи во Берлин, а на која ќе учествуваат и атлети од  Македонија.

Олимпискиот оган ќе замине за Берлин за свеченото отворање на Специјалната Олимпијада.

Светските игри на Специјалната Олимпијада Берлин 2023 се под мотото „Непобедливи заедно“, за првпат се одржуваат во Германија, ќе учествуваат 7.000 атлети со интелектуална попреченост, кои ќе се натпреваруваат во 26 спорта, а меѓу учесниците се и репрезентативци од нашата земја.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *