Виена го зазема првото место на листата на најдобри градови за живеење во светот. Според Економист, овогодинешното рангирање на десетте градови за живеење изгледа вака: Виена (Австрија), Копенхаген (Данска), Мелбурн (Австралија), Сиднеј (Австралија), Ванкувер (Канада), Цирих (Швајцарија), Калгари ( Канада), Женева (Швајцарија), Торонто (Канада) и Осака (Јапонија). Рангирањето е добиено со бодување на стабилноста на градовите, здравството, културата и животната средина, образованието и инфраструктурата.