Вечерва во Лигата на шампионите ќе се одиграат девет натпревари во рамки на 5. коло.

Во првиот дел од вечерта, два натпревари се предвидени за 18:45 часот:

  • Милан ќе се соочи со Слован во Братислава, каде „Росонерите“ се фаворити и сакаат да ја продолжат победничката серија по двата триумфа над Реал во Мадрид и Клуб Бриж во Италија.
  • Атлетико Мадрид ќе гостува на Спарта во Прага.

Потоа, од 21:00 часот ќе се одиграат седум натпревари:

  • Барселона ќе го пречека Брест, каде каталонците ќе се борат за четврта победа во низа во Лигата на шампионите, додека Брест нема пораз на четирите претходни натпревари.
  • Баерн Минхен ќе игра против ПСЖ во Минхен, еден од најголемите дуели на колото.
  • Спортинг Лисабон го пречекува Арсенал, без тренерот Рубен Аморим, кој дебитираше како стратег на Манчестер Јунајтед.
  • Други натпревари:
    • Баер ЛеверкузенСалцбург
    • ИнтерЛајпциг
    • Ман СитиФеенорд
    • Јанг БојсАталанта.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *