Американската поп ѕвезда Бијонсе по синоќешниот Супербоул и рекламата со која се најавува нејзината нова музика, објави две нови песни.

Пејачката го најави својот претстоен кантри албум во реклама за време на Супербоулот, а првата песна што ја сподели со специјален разголен тизер „Texas Hold’Em“.

Оваа песна ја евоцира нејзината песна од 2016 година „Daddy Lessons“ од албумот „Lemonade“.На постерот за песната „Texas Hold’Em“, Бијонсе носи метален оклоп заедно со каубојска капа, големи обетки и црн појас во комплет со висечко сребрено срце.

Втората песна, „16 Carriages“ е уште една песна со кантри пресврт. На насловната страница на таа песна Бијонсе е прикажана на црно-бела фотографија со црна каубојска шапка и нејзината коса стилизирана во брановиден боб.

Исто така, Бијонсе беше главна ѕвезда на рекламата за Супербоул. Таа се појави во видеото на Verizon, а во едноминутното видео комичарот Тони Хејл ја предизвикува Бијонсе да направи нешто толку големо што ќе ја сруши интернет услугата 5G на Verizon.

За да го направи тоа, таа држи штанд за лимонада за обожавателите, свири саксофон, ја воведува сопствената технологија Beyonc-AI, ја пародира Барби како „Bar-Bey“ и дури ја најавува нејзината кандидатура за „Beyoncé of the United States“, но сепак способноста на компанијата да ги напојува телефоните на клиентите не може да се победи.

На самиот крај од рекламата, пејачката најавува дека нејзината следна стратегија ќе биде едноставно да објави нова песна или албум.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *