Биографскиот филм „Oppenheimer“ на Кристофер Нолан, со Силијан Марфи во главната улога, собори неверојатен светски рекорд оваа недела и официјално стана биографскиот филм со најголема заработка на сите времиња, надминувајќи 900 милиони долари во глобална продажба на билети.

По девет недели од прикажувањето, историската драма заработи импресивни 912 милиони долари ширум светот со 318 милиони долари од северноамериканските кина и 594 милиони на меѓународно ниво, пишува „Мирор“ (Мirror).

Летниот филмски хит и еден од најдобрите филмови на годината постави нов рекорд кој претходно го држеше филмот за Фреди Меркјури и групата „Квин“.

„Bohemian Rhapsody“ заработи 910 милиони долари за време на прикажувањето во кината. „Oppenheimer“, кој сѐ уште се прикажува во кината, успеа да го престигне и е на работ од милијарда долари. Многумина предвидуваат дека ќе биде тешко да се достигне таа бројка.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *