Mузичкото списание „Билборд“ ќе ја прогласи пејачката Шакира за жена на годината на првото издание на „Латино жените во музиката“ Двочасовниот музички настан, ќе се снима во Мајами на 6 мај, а ќе се емитува на 7 мај. На „Латино жените во музиката“ ќе им биде оддадена почит на најзаслужните женски артисти од Јужна Америка, кои проактивно работат за родова еднаквост во музичката индустрија. Шакира има продадено повеќе од 95 милиони плочи ширум светот, што ја прави една од најпродаваните музички изведувачи на сите времиња и најпродавана латино изведувачка на сите времиња.