Кристијано Роналдо ја заврши својата авантура во фудбалска Европа и на крајот на почетокот на 2023-та година се пресели во Саудиска Арабија, а после една и пол сезона мината во оваа земја, Португалецот може слободно да се пофали дека е убедливо најплатен спортист во светот.

Угледниот „Форбс“ денеска ја објави традиционалната листа на најплатени светски спортисти во изминатите 12 месеци, на која Роналдо по четврти пат во кариерата го носи приматот на спортист кој заработил убедливо најмногу пари.

Португалската ѕвезда инкасирала нестварни 260 милиони долари во изминатите 12 месеци, оставајќи го зад себе голферот Џон Ран кој заработил 218 милиони долари.

Роналдо 200 милиони добил од склучениот договор со Ал Наср, а уште 60 милиони придодал на својата банкарска сметка преку низата спонзорски договори кои ги има.

На трето место на листата на „Форбс“ е Лионел Меси, кој за последнава година инкасирал речиси двојно помалку од својот долгогодишен ривал. Аргентинската суперѕвезда се реши да ужива во животот и се откажа од арапските милиони, па така во изминатите 12 месеци инкасирал 135 милиони долари.

Во топ 10 најплатени спортисти се уште три фудбалски ѕвезди (Мбапе, Нејмар и Бензема), а останатите се НБА ѕвезди и еден НФЛ играч.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *